|
|
Посетител број:
од 13.07.2001
|
|
|
|
|
| 01.07.2009Влезниците за фестивалот Егзит наменети за земјите од регионот на Југоисточна Европа се распродадени. Иако беше предвидено билетите да се продаваат до 4. Јули, цел контингент на влезници веќе е распродаден.  |
| |
| 29.06.2009Поканети сте на концертна промоција на албумот на групата НАВ. Изданието е за Литиум Рекордс, а е насловено: Генофонија! Дел од проектот е и живата легенда, Г-ѓата Вања Лазарова. Влезот е бесплатен, па повелете во Куршумли анот на 02.07 во 21 часот!  |
| |
| 29.06.2009Како, зошто и кои мотиви го разбудиле македонецот во организаторот на најголемиот музички фестивал во Европа, поима немаме. Во секој случај, нашиот бајрак се вееше на целиот фестивал, во првите редови од меин стејџот. На повеќе доказите...  |
| |
| 29.06.2009Во саботата, во старата скопска чаршија навистина оживеа културната патека. Како и пред две децении, чаршиските улички беа преполни, а позитивата се чувствуваше на сите страни. Тоа што дојде како фото финиш на целиот динамичен скопски ден беше настапот на Суперхикс. Со целосно концертено шоу, пред повеќе од 8000 луѓе Хикси го здрмаа платото пред Куршумли анот. Ги чекаме Вашите коментари :)  |
| |
| 24.06.2009Ве информираме дека ТА Сивес организира превоз до Нови Сад за време на фестивалот Егзит. Цената на картата (повратна) изнесува 2400 денари. Агенцијата се наоѓа меѓу Католичката црква и Универзалната сала (ул.29ти Ноември, бр. 51/2), а телефонот е 02/3246944.  |
| |
| 18.06.2009Иако најави одлична продажба, десеттиот Егзит речиси сигурно ќе биде распродаден. Имајте на ум дека цената на билетите од 1.07 ќе чини 6830 денари, а до тогаш, 3650 ден. Билетите можете да ги набавите во Југотон, ГТЦ.Тоа што доаѓа како уште една добра вест од Нови Сад е потврдата на настапите на скопскиот панк рок состав Новиот Почеток и тетовската алтернативна рок формација Хај Контрол (High Control)... И двете групи биле учесници на Винер (читај Лузер) Фест, а и Новиот Почеток и Хај Контрол имаат свежи изданија. Албумот Агнозија и Ин Еври Веј (In Every Way)…  |
| |
| 12.06.2009Како што веќе беше најавено во текот на кампањата, цената на влезниците за јубилејниот десетти Егзит ќе порасне непосредно пред почетокот на фестивалот.Цената на кампот останува иста. Со оглед на одличната продажба во Јуни, одлуката е цената на билетите да порасне од 1. Јули 2009.Од први Јули цената на билетите ќе изнесува 6830 денари. Влезниците се продаваат во Југотон, ГТЦ.  |
| |
| 10.06.2009Во клубот Ретокс на 20.06 составот Фајтинг Виндмилс (Fighting Windmills) ќе промовира два видео спота. Едниот за темата "Одата за Една Нула", а другиот за "Моето најдобро Другарче". Покрај премиерата на клиповите, ќе имаме можност и да проследиме и настап. Е, да... Имааат и трубач:)...  |
| |
| 03.06.2009Суперхикси заминуваат на уште една турнеја. Стартот е закажан за задутре (5.06) во Крагујевац, Србија каде Хикси ќе одржат самостоен концерт. Другиот ден, бендот ќе биде дел од една неверојатна приредба по повод 20 години постоење на групата Атеист Рап од Нови Сад. Покрај нив, на роденденскиот концерт ќе свират и култните Шем Сикстинајн (Sham 69) и КУД Идијоти. Специјален гостин на вечерта е актерот Роб Стујарт (Rob Stewart), нам познат по улогата на Ник Слотер од телевизиската серија "Тропски Горештини" која беше популарна на почетокот на деведесетите...  |
| |
| 29.05.2009Од понеделник (1.06) започнува продажбата на влезници за концертот на Енио Мориконе.Билети за отворањето на 49тото издание на фестивалот Охридско Лето можете да најдете во дирекцијата на фестивалот и во продавницата на Југотон во Градскиот Трговски Центар. Следен од Унгарскиот Филхармониски Оркестар и хорот на Македонската Опера и Балет, еден од најголемите композитори на 20. Век, ќе настапи на 12. Јули во античкиот театар во Охрид...  |
| |
| 28.05.2009Тоа што доаѓа како одлична вест од Нови Сад е потврдата за настап на престојниот десетти Егзит фестивал. Со посредство на Литиум, официјалниот букер за Егзит во Македонија, на втората по големина сцена, Фјуж'н, Бернејс Пропаганда ќе настапат на 9. Јули. На оваа сцена годинава ќе настапат Базкокс, Макс Ромео, Дубиоза Колектив и многу други...  |
| |
| 22.05.2009Групата Љубојна започна со снимањето на новиот албум “Песна за Мојата Песна”. Целиот албум е поставен на стихови на Петре М. Андреевски и содржи материјал кој трае педесетина минути концептирани во осум песни...  |
| |
| 20.05.2009Ве известуваме дека Кирил Џајковски и неговиот бенд денеска заминуваат за Истанбул, каде што ќе настапат во најспектакуларниот концертен простор во населбата Бејолу, клубот Гето. Неговиот настап е најавен како совршен за отворање на новата сезона на клубот и најдобар избор за афтер парти по финалето на купот на УЕФА...  |
| |
| 13.05.2009Ве известуваме дека Суперхикси од утре (14.05) стартуваат со кратка хрватска турнеја, која е само најава на зголемените активности на бендот кој годинава слави 15 години постоење. На 14ти настапуваат во Осјек, следниот ден се во Иванчиќ Град, а потоа заминуваат на фестивалот "Организирани Хаос" во градот Кутин. На овој фестивал се најавени меѓу "хедлајнерите", заедно со драгите колеги од Ска Рингишпил и Дубиоза Колектив...  |
| |
| 13.05.2009Европската платформа за музичка фотографија, Попвју (Popview) распиша конкурс за музички фотографи. Условите се прилично едноставни. Треба само да имате помалку од 35 години. Ѕирнете ја нивната веб страна или посетете го нивниот твитер профил: www.popview.eu, www.twitter.com/popview. Повеќе детали, тука.  |
| |
| 06.05.2009Ве известуваме дека на 24. и 25. Јуни во Загреб, Хрватска ќе се одржи Т-Мобиле Ин Мјузик фестивалот. На просторот на спортско рекреативниот центар Јарун ќе настапат над 40 групи и артисти. Меѓу нив: Лили Ален, Крафтверк, НЕРД (Фарел Вилијамс), МОБИ, Франц Фердинанд, Диму Боргир, Хејтбрид, Арт Брут, КУД Идијоти и многу, многу други. Кај нас билетите се продаваат во Југотон, ГТЦ (3239 860) по цена од 2800 денари. Повеќе инфо на www.t-mobileinmusicfestival.com |
| |
| 24.03.2009За регионалната музичка награда Indexi 09 (порано беше позната како Даворин), неодамна се утврдени кандидатите во сите 11 категории. Според планот, гласачкото тело од целиот регион уште две недели има време да избере по шест номинации во секоја од 11-те категории за најдобрите во 2008-ма. Меѓу другото, се гласа за најдобар поп, рок, хип-хоп, етно-албум, најдобра група, настан на годината. Суперхикс се номинирани во две категории. Најдобар бенд ; и поради техничка грешка Суперхикс се во категоријaта најдобар Хип Хоп албум. Иако, кога се работи за нив се' е можно, така да ова можеби ќе им биде мотив следниот албум да преминат на Хип Хоп израз... Гласајте ТУКА!!!  |
| |
| 24.03.2009На овогодинешното ексклузивно издание на Dance арената на Егзит фестивалот ќе се претстави заеднички "back to back" настап на најголемите DJ звезди на денешницата. Меѓу имињата кои минатите години ја одбележија една од најголемите електро бини на светот, оваа година се наоѓаат Sasha и John Digweed, Richie Hawtin и Dubfire, Green Velvet и Carl Cox!  |
| |
| 20.03.2009Легендарниот англиски бенд Madness ќе настапи во оригинална постава на главната бина на Егзит фестивалот на 12 Јули (Недела). Бендот е на нова турнеја по повод 3 децении од основање, јубилej, кој ќе биде одбележан и со нов албум. Madness се еден од најуспешните англиски бендови, а го држат и рекордот од 214 недели поминати на британската топ листа во текот на осумдесетите години. Само во период од 1979. до 1986. година забележуваат дури 22 хит сингла. Препознатливи по урнебесните концерти кои до крајност го опишува името на бендот, Madness важат за една од најголемите ска атракции на сите времиња, но и бенд кој направи неколку од најдобрите поп песни во последните 30 години, меѓу кои и "химните" "Our House", "It Must Be Love", "My Girl", "One Step Beyond" или "Baggy Trousers"...  |
| |
| 19.03.2009Конкурсот за настап на овогодинешниот Егзит фестивал е отворен од 16 Март до 18 Мај. Сите заинтересирани изведувачи можат да конкурираат така што ќе се регистрираат на веб страната www.exitmusic.tv (минатогодишната адреса music.myexit.org). Со регистрирање и пополнување на апликацијата за пријавувањето на конкурсот секој изведувач добива своја страница на www.exitmusic.tv. Апликацијата е направена така што со пополнување на сите полиња во апликацијата (која вклучува и аплоуд на една до три песни), бендот автоматски добива своја страна, односно профил на сајтот. Подетални упатства и пропозиции за конкурсот можат да се најдат во самата апликација..  |
| |
| 16.03.2009НВО ТАКСИРАТ ВО СОРАБОТКА СО SIXTYNINE RECORDS најавува: HARDCORE MOSH PARTY NOSEBLEED (БЕЛГРАД) SCREAMING FOR CHANGE (СКОПЈЕ) 21 Март, 2009 / 21:00 / Клуб Кастро Nosebleed доаѓаат од Белград и во својот град важат за еден од поенергичните емотивни/хардкор состави. Пет-члениот состав е оформен во Април 2005, а земаат учество во голем број концерти, меѓу кои еден од најзначајните е настапот на Metal Hammer Stage-от на фестивалот ЕXIT 06. Карактеристично за бендот е дека се под влијание на низа музички состави и музички стилови - но главно црпат инспирација од бендови како Thrice, FFAF, преку Tool и Deftones, Refused, Tragedy па се до Radiohead....  |
| |
| 16.03.2009Еден од најпопуларните рокенрол-состави од Велика Британија,Арктик манкис, ќе настапи на фестивалот Егзит во Нови Сад. Четворката од Шефилд ќе свири на главната бина на фестивалот, чие јубилејно, 10. издание, ќе се одржи од 9 до 12 јули на Петроварадинската тврдина во главниот град на Војводина. Квартетот летово треба да го објави третиот албум, а се очекува дека во Нови Сад ќе изведе дел од новите нумери...  |
| |
| 09.03.2009По повод одбележување на 20 години од постоење, новосадската група Атеист Рап ќе тргне на голема јубилејна турнеја која ќе опфати концертни настапи во повеќе од 30 градови во регоинот. Централниот концерт ќе се одржи на 06.06 во организација на СКЦ од Нови Сад, каде покрај нив како гости ќе се појават и Суперхикс, Куд Идијоти, Гужва, Луде Краве... Во Ноември ќе се појави и новиот пети студиски албум на групата.  |
| |
| 05.03.2009Се подновивме со уште некои нови профили на интернет, стариот Таксират Мајспејс го средивме, а во подготовка е и новиот сајт. Доколку се уште не сме виртуелни пријатели слободно поканете не на дружба на Mајспејс профилот на Литиум Рекордс, од каде ќе можете да ги добивате сите информации во врска со нашите тековни активности. Фејсбук профилот е во изработка, а во меѓувреме можете да го посетите YouTube каналот кој го креиравме. Уживајте.  |
| |
| 03.03.2009На денешен ден, пред точно 15 години во клубот Doors, се одржа првиот концерт на Суперхикс. Се' понатаму е веќе историја. 3 студиски албуми и едно издание во живо, неброени настапи по цела Европа, учество на врвни музички фестивали, распродадени тиражи и сали, еден куп искинати жици... Тимот на Литиум Рекордс им го честита роденденот и посакува уште многу години творештвво. На здравје.  |
| |
| 27.02.2009Секоја чест!!! Е ова се вика турнеја, нешто повеќе од 40 концерти. Започнуваат на 6ти Март, а завршуваат на 18ти Април..што би се рекло, ќе ги испратиме во зима, на пролет ќе ни се вратат. Им посакуваме успех. Целиот распоред на турнејата во прилог....  |
| |
| 16.02.2009Литиум предлага и отвара дискусија сам со себе. Незадоволен од децениските одлуки од конкурсите на Mинистерството за Kултура и град Скопје и работата на непознатите или наречените уметнички совети предлага:  |
| |
| 16.02.200913 Април 2009 Универзална Сала, Скопје Литиум Рекордс најавува: "PASIОN DE BUENA VISTA" - во живо од КУБА - 8 извонредни танчери од "Tropicana" - 3 уникатни вокали од срцето на Куба "Companeros de Buena Vista" - 10 члениот бенд " La Idea " - 3 придружни вокали - бројни уникатни костуми http://www.pasion-de-buena-vista.com/ |
| |
| 11.02.2009Фестивалот на документарен рок филм - DORF кој ќе се одржи од 5. до 8. Март, оваа година за прв пат ќе биде активен во два града. Покрај традиционалните проекции во Винковци, годинава фестивалот се шири и во Жупања. На DORF '09 ќе бидат прикажани документарни музички филмови од 10 земји. Она што е најинтересно за нас, е податокот дека дел од програмата ќе биде и документарниот филм за Бадмингтонс, Бадмингтонс док. на Јане Алтипармаков, филм кој е сниман пред, за време и после повратничкиот концерт на Бадмингтнонс во рамките на Таксират 9...  |
| |
| 10.02.2009Музичките фанови кои постеуваат летни фестивали се загрижени за средината и еколошкиот ефект од одржувањето на фестивали. Во Англија е спроведена анкета помеѓу 507 посетители на фестивали и резултатите се следни:  |
| |
| 09.02.2009Егзит го постави спектакуларниот настап на маестро Кирил од 2008 година на нивниот веб. Доколку немате обврски или работите во државна администрација, ставајте слушалките и уживајте. Кирил напоредо ги финишира албумот и музиката за хрватски филм,а Егзит веќе ги пушти картите по набавна цена за овогодинешниот фестивал во Југотон. Литиум се добри, фала на прашање....пишуваат жалби до ресорните министерства и кукаат.  |
| |
| 04.02.2009Поздрав, После повеќе од месец дена апстиненција конечно се враќаме во македонската интернет шума. Имавме технички проблеми покрај другите, но Ви ветуваме дека редовно и ажурно ќе го апдејтуваме нашиот, а се надеваме и Вашиот омилен веб сајт. Наскоро, ќе добиеме и нов, подобар изглед. Значи, Ве повикуваме на секојдневно дружење со најновите новости од македонската, но и светската музичка сцена!  |
| |
| 06.02.2009Суперхикс предновогодишно за прв пат! настапија во Букурешт и Софија. После одличните концерти и малата зимска дремка, годинава Суперхикс ќе бидат многу активни одбележувајќи го достојно јубилејот 15 години пред амбасади. Како беше во Софија можете да погледнете ОВДЕ. П.С Гостинот на концертите Нелектронски Гуру беше облечен во креација на познатиот лондонски креатор Гручо:)  |
| |
| 06.02.2009Johannes Heretsch, уредникот на познатато берлинско радио униРадио www.uniradio.de, случајно наишол на македонскиот деск на МИДЕМ каде добил промо диск со македонска музика. Воодушевен од траката Jungle Shadow, на Кирил Џајковски, веднаш не контактираше со цел да ги добие албумите Балканкан и Сенки. Приказната не завршува тука: музичкото дело на Кирил Џајковски ќе биде презентирано во двочасовна емисија во шоyто "Звуци од планетата" на Уни Радио и Radio Corax.  |
| |
| 06.02.2009Изгледа дека станаа премногу популарни со навивачкиот хит, па дури и екипата од хрватскиот веб портал Терапија.нет ги приметила и им го рецензирала одличниот албум "Се вртиме во Круг" издаден 2008 за магазинот Авангард. Како Хрватите ги доживуваат ДТЧ можете да прочитате ТУКА. А ние ќе се потрудиме годинава да ја заживееме и стимулираме македонската рнр сцена. За ДТЧ викаат дека се распаднале, но они ќе не демантираат со концерт наскоро, нели?  |
| |
| 06.02.2009Неколку песни на групата Фолтин беа употребени во филмот " Dance with me " на Саша Дамјановски. Филмот беше завршен во декември 2008. Кликнете на линкот за да ги видите сцените.  |
| |
| 22.12.2008Продажбата на влезници за Егзит 09, кој ќе се одржи од 09 до 12 јули 2009 година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, започнува на 01 јануари 2009. Продажбата на влезниците ќе се одвива се до 04 јули 2009 година. ЦЕНИ НА ВЛЕЗНИЦИТЕ Суперпромотивна предпродажна цена За првите 50 најбрзи фанови обезбедивме влезници по суперпромотивна предпродажна цена од 3.030 денари...  |
| |
|
|
|
|
|
|
|